| четврток, 6 декември 2018 |

Со нож под грло му го одзеле такси-возилото

Низ хорор поминал млад таксист од Кавадарци кога патниците што ги превезувал до Прилеп, извадиле нож и го ограбиле.

Настанот се случил вчеравечер во 22.30 часот во Прилеп. Двајцата патници кои ги пренесувал од Кавадарци до Прилеп прво физички го нападнале 29-годишниот А.К., такси-возач во компанијата од Кавадарци, а потоа и со закана со нож го извадиле од автомобилот марка „шкода“ со велешки регистарски ознаки. Истите потоа со возилото заминале во непознат правец.

Полицијата веќе приведе двајца осомничени и се преземаат мерки за расчистување и за целосно документирање на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top