| четврток, 6 декември 2018 |

Jа ограбиле бабата која им изнајмила соба во Охрид: Двајца скопјани во притвор

Две момчиња од Скопје завршија во притвор, откако ја ограбиле бабата кај која изнајмиле соба во Охрид. Според полицијата, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ разбојништво“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против О.Х.(18) и Ѓ.Д.(19) од Скопје.

Судија од предходна постапка од Основниот суд Охрид, им одреди мерка притвор од 30 дена а потоа спроведени во Казнено поравната установа Затвор Охрид.

Тие на 6 октомври годинава, во домот на Н.Д.(76) на улицата „,Абас Емин“ во Охрид, каде престојувале во изнајмена соба. Во текот на ноќта, тие затропале на вратата на бабата и откако им отворила, веднаш ја нападнале и го одзеле златниот ланец и обетките, а од ташната одзеле 6000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top