Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска ќе учествува на традиционалниот Европски политички самит, кој во организација на Институтот „Пријатели на Европа“ се одржува во Брисел на тема „Заживување на Западниот Балкан“.
Како што најави Министерството за надворешни работи, предвидено е министерот Попоски да има свое излагање во рамки на втората сесија од еднодневниот собир со наслов „Економски развој: дали е чашата половина полна?“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.