| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на ликовни дела на Глигор Чемерски во Москва

518c06acf00850d1af87a43f5e91bba7

Утре, на 9 декември свечено ќе биде отворена изложбата на дела од истакнатиот македонски уметник Глигор Чемерски во галеријата на Руската академија на уметноста – „Зураб Цератели“ во Москва.

Отворањето на изложбата која е насловена „Настани и знаци на земјата македонска“ е во чест на инаугурацијата на академик Чемерски во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“.  Тој е првиот македонски уметник на кого му е укажана оваа огромна чест од страна на Руската академија.

Во рамките на изложбата, во  галеријата, која го носи името на големиот руски уметник, ќе бидат  изложени 43 дела од повеќе циклуси како своевидно ретроспективно претставување на повеќедецениското трворештво на овој наш истакнат уметник.

Изложбата во галеријата која е најзначајното културно и уметничко средиште на Москва ќе биде отворена  до 10-ти јануари 2015 година. Организатор на овој значаен настан е македонската галерија „Гра“л во соработка со Руската Академија на уметности. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Македонската академија на науките и уметности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top