| четврток, 6 декември 2018 |

Фалангата се сели во Загреб, извлечени групите за ЕП 2015

Денеска во Франција беа извлечени групите за Европското кошаркарско првенство што се игра во септември 2015 година.
Македонија продолжува со континуитетот на учество на големите натпреварувања. По откажувањето на Украина како организатор поради добро познатите политичко-воени услови, Европското првенство ќе се игра во четири држави, Франција, Германија, Хрватска и Летонија.
Нашата земја ќе игра во групата што ќе се организира во Хрватска. Избраниците на Селекторот Александар Џикиќ добија релативно лесна група, но и поволен распоред на натпреварите.

Покрај домаќинот Хрватска, во нашата група е и Грција која по се изгледа ни е судбина на еврпските првенства, Холандија, Словенија и Грузија.

EP 2015

Првенството го отвараме против Грција во Загреб каде се очекува неколку илјадна македонска публика. Потоа следуваат натпреварите против Холандија која е една од најслабите репрезентации, па по ден одмор ќе играме со домаќинот Хрватска за на крај групата да ја затвориме со Грузија и Словенија.
Првите четири репрезентации ќе изборат учество во нокаут фазата која потоа се сели во Лил, Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top