Роберт Валтер, претседател на европската асоцијација за безбедност и одбрана (ЕСДА) во интервју за Дојче веле говори за разликите меѓу Украина и Балканот и интерeсот на НАТО за Македонија.
Тој за ситуацијата на Балканот вели дека е сосема поинаква од онаа во Украина.
– Состојбата во Украина е повторување на играта на моќ каква што ја имавме во времето на Студената војна. Русија навистина се обидува да го поврати своето значење во сферата која смета дека дека може да е под нејзиното влијание. Според мене, денес нема сфери на влијанија.Тоа зависи од народот, од граѓаните кои живеат во Украина да одлучат каде сакаат да бидат: дали да се дел од Европската унија, или дел од независна суверена држава.Тоа е голема разлика од ситуацијата на Балканот – вели Валтер.
Дали ова значи дека и покрај зголемениот ангажман и будноста околу Русија, па опасноста од Исламската држава, како и секогаш активното жариште – Блискиот исток, НАТО и натаму останува заинтересиран Балканот и конкретно Македонија, да бидат дел од неговите структури?
Од интерес на НАТО е Македонија да биде нејзина полноправна членка. Македонија и сега придонесува во НАТО силите, а Алијансата очигледно е посветена да се одржи стабилноста на Балканот. Овде пред се’ мислам на подобрувањето на ситиуацијата на Косово и во Босна и Херцеговина. Секако дека е значајно и натаму да се работи на стабилноста на Балканот. Верувам дека ситиацијата на Косово ќе се расчисти, но најголемиот политички проблем останува во Босна и Херцеговина.
Гледате ли некаква скора разврска на македонската блокада во ЕУ и НАТО, која е резултат на повеќедеценискиот спор со јужниот сосед?
Споровите кои ги има Македонија пред се околу името со Грција, но и со Бугарија, која исто создава проблем кога станува збор за членството на Македонија во ЕУ и НАТО мора да се решат. Јас сум голем поддржувач на македонското членство и во двете организации. Македонија, меѓутоа се’ уште има многу проблеми кои треба да се надминат. Мислам пред се’ на внатрешнополитичките проблеми, како на пример ситуацијата со политичките партии кои не учествуваат во работата на парламентот. Сето ова мора да се расчисти, за исполнување на фундаменталната желба на македонскиот народ – да бидат дел од ЕУ и НАТО.
Роберт Валтер е вице претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа, претседател на Европската асоцијација за безбедност и одбрана (ЕСДА), член на британскиот Парламент и од 2012 до 2014 претседавач на Берлинската конференцијата за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.