| четврток, 6 декември 2018 |

Во Пласница има 10 баби, а ниту еден дедо

babi i dedovci

Во Македонија има повеќе бабички од дедовци. На 98 годишна возраст во државата има 88 жители. Дури 63 од нив се жени. Пласница е единствено место во земјата каде има 10 старици а ниту еден дедо.  Ова го покажуваат податоците од Заводот за статистика. По региони речиси сегде доминира постарата женска популација која речиси е двојно поголема од машката. Најмногу баби има во југозападниот регион дури 860. За разлика од тоа, пак, во вардарскиот регион има само 38 старци над 85 години, пренесува Сител.

Скопскиот регион е најгусто населен и затоа има и најмногу старци -4775. Подобриот стандард на живот овозможува и подлабока старост на населението во пелагонискиот регион каде се евидентирани 2212 стари лица. Најмалку ги има во полошкиот 1150, кој, пак, се карактеризира со најголемо загадување на животната средина кое влијае и на животниот век.

По бројки, во Македонија има 8388 лица на 80 годишна возраст. Како одминуваат годините драстично се менуваат и податоците па на 85 годишна возраст има 2583 лица. На 90 годишна возраст бројката е под 1000.

И додека во Македонија многу фактори влијаат за квалитетот на животот, па во градовите умираат помлади за разлика од селските средини, така не е и во медитеранските држави. Моркста клима и здравата исхрана овозможуваат здрав живот и на многу стогодишници. Во овие држави се регистрирани голем број на жители кои имаат 90 и 100 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top