Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство информира дека власта не може да откупува тутун, туку тоа е законска обврска само на откупните компании.
„Министерството ги презеде сите потребни мерки за успешен почеток на откупот на тутунот од годинашната реколта. Состојбата се следи уште пред почетокот на производството од кога се одржани неколку состаноци и со откупувачите и со тутунарите. На овие средби, откупувачите дадоа уверување дека целиот договорен тутун од 25 000 тони ќе биде откупен,а ќе се направат напори да се превземе и вишокот од околу 4 до 5 000 тони кој настана поради врнежливите временски услови и повисоките приноси“, стои во соопштението од Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Татјана Прентовиќ од СДСМ денеска од Прилеп, како посочи, „апелираме и го повикуваме Министерството за земјоделство да застане во одбрана на тутунарите. Да го откупи вишокот на произведен тутун и да ги заштити тутунарите. Апелираме тоа да го направи до крајниот рок а тоа е до 15-ти март 2015 година и на тутунарите да им ги додели субвенциите“.
– Субвенциите за тутунот целосно се исплатени,останува уште мал дел кој се исплатува по доставување на сите потребни документи наведени во уредбата за директна финансиска исплата. Министерството за земјоделство подготви нацрт Закон за фитофармација со кој се предвидува олеснување на увозот на заштитните средства,а со тоа се очекува нивните цени да се намалат, се наведува во соопштението од Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Тутунарите склучија договори за откуп
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно


