| четврток, 6 декември 2018 |

Тутунарите склучија договори за откуп

tutunМонополите во трка по договори со тутунарите. Електронското водење на евиденцијата за секоја парцела го намали бројот на двојни и тројни договори што тутунопроизводителите ги склучуваа со повеќе претпријатија, но и ги натера откупувачите да побрзаат со потпишувањето на договорите и пред завршувањето на законскиот рок.

Тутунарите до крајот на март го пријавуваа новото производство за оваа година во подрачните едниници на министерството пред да потпишат договор со откупувачите.

Годинава тутунарите пројавиле интерес за произвотство на тутун на приближно исти површини како и лани кога беа подигнати скоро 23.400 евидентни листови.

Колкаво ќе биде производството ќе зависи и од временските услови кои во моментов не се на страната на тутунарите, односно големите промени на температурите кои може да предизвикаат штети кај расадот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top