За да го остварат сето она што го ветуваа, министрите на новата влада треба да ги слушнат проблемите на народот и, секако, да засукаат ракави.
Земјделците бараат прогласување елементарна непогода за житарките, праските скапуваат, откуп нема, струмичкото поле преполно со домати, краставици и висококвалитетни пиперки, но без реална откупна цена. А за сите овие проблеми на земјоделците новата влада и глува и нема.
Додека асфалтот го голта родот, министерот Љупчо Николовски се гоштева. На својот Фејсбук профил синоќа тој објави фотографија од гозба, на која големото друштво го забавува музика на уво. Да биде иронијата поголема, пирот на Николовски е во ресторанот „Попова Кула“ во близина на Демир Капија, на половина час возење од Росоман или Струмичко, каде што ескалира земјоделската криза.
Уште еднаш ќе ги потсетиме министрите од новата влада, вратите на владата се отвораат кога министрите ќе слезат меѓу граѓаните, ќе ги слушнат нивните проблеми, а не со топење ограда од ковано железо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Николовски: Се прават максимални напори за извоз на праските во други земји
-
Вратени три пратки овошје од Русија поради заразеност од инсекти од друг вид
-
Русија најави забрана на увозот на праски од Македонија од 15 август