| четврток, 6 декември 2018 |

Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој тврди дека јавната набавка на софтверска и мрежна опрема е направена согласно Годишниот план за јавни набавки на АФПЗРР и по планот на Владата за модернизација на институциите.

,,Средствата наменети за оваа Јавна набавка изнесуваат 7 милиони денари, од нив 4 милиони денари се планирани и обезбедени од Програмата помош при транзиција за институционална надградба, средства од ИПА фондови. Три милиони денари се обезбедени од Програмата за Финансиска поддршка во Руралниот развој. Доколку не ги искористевме овие средства истите ќе ни беа одземени од ЕУ.Овие средства се наменети за набавка на софтверска и мрежна опрема, а со цел доопремување и унапредување на условите на Агенцијата за финансика поддршка на земјоделството и руралниот развој. За оваа набавка има добиено согласност и од Националниот Совет. Огласот за реализирање на оваа Јавна набавка, освен на електронскиот систем за Јавни набавки е испратен и до Службеното гласило на ЕУ, и се очекува да биде објавен наредните денови”, се вели во соопштението.

Според Агенцијата, со оваа набвка која е овозможена со средства од ЕУ, треба да се забрза обработката на апликациите и барањата и по Националните и по ИПАРД Програмата, за да се овозможи поголема искористеност на средствата кои ни се дадени на располагање. Во врска со бројот на вработени ве информираме дека во АФПЗРР, моментално работно се ангажирани вкупно 222 вработени.

,,Компјутерите кои се набавуваат мора да имаат гаранција од три години, а тригодишна гаранција мора да има и лиценцираниот „Windows office“, затоа што се бара максимална заштита на податоците со кои располага АФПЗРР, затоа што во оваа институција има доверливи податоци, информации за аликантите, кои се корисници и на средствата кои ги нудиме по Националните програми, но, и за ИПАРД Програмата. Оваа набавка треба да овозможи АФПЗРР, со нејзините софтвери лесно да може да се поврзува со софтверите на останатите институции со кои соработува АФПЗРР, за да може апликациите на земјоделците и на бизнис заедницата која аплицира по националните и ИПАРД Програмите брзо да се завршуваат и да се овозможи поголема искористеност на средствата кои ни се на располагање.

Компјутерите кои се набавуваат мора да се изведат од добавувачи кои имаат сертификат за инсталација и конфигурација на опремата. Исто така, мора да бидат со најдобри можни перформанси во делот на процесорите, дисковниот и другите компоненти. Мора да поседуваат и сертификати за квалитет и сертификати кои се однесуваат на информатичка опрема.Во однос на информациите за избор на најниска понуда, ве информираме дека „предметот на оваа јавна набавка“ налагаше како критериум, да биде земена најниската цена.

Во однос на гаранцијата на понудата АФПЗРР има побарано изјава за сериозност таа е побарана во точка 4.6 од Тендерската документација. Околу банкарската гаранција, АФПЗРР има побарано како како „услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач бара гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вредноста на договорот”, се додава во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top