Ренова направи сензазија во реванш мечот од четвртфиналето на националниот Куп и со победа од 2-0 го елиминира Вардар. Понатаму оди и Работнички по триумфот од 3-1 против Еуромилк, со што е познат квартетот екипи што ќе играат во завршницата. Претходно и Тетекс и Хоризонт Турново се пласираа во полуфиналето.
Ренова го почна реваншот со Вардар со негатива од 1-3 од првиот меч, но повторно се покажаа како незгоден ривал за скопјани. Со два гола во вториот дел „гипсарите“ одат понатаму, благодарение на гол постигнат на гости. Пред две седмици Ренова го победи Вардар и во првенството со 3-0, исто така во Тетово.
Работнички по ист рецепт како и Ренова со голови во второто полувреме го елиминира второлигашот Еуромилк. Натпреварот почна со стартни 3-2 за Еуромилк, но во второто полувреме Работнички набрзина со 3 гола најави дека е фаворит за одбрана на титулата. Еуромилк се закани со погодок, но немаше сили за сензација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



