Полициски службеник е повреден синоќа кога интервенирал во угостителскиот објект „Скоч“ во Драчево каде имало нарушување на јавниот ред и мир. Полицаецот е повреден во пределот на главата од страна на 25-годишниот Е.Т. од село
Батинци.
Напаѓачот и останатите учесници во тепачката се приведени во полициската станица во Драчево.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријавa.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.