| четврток, 6 декември 2018 |

Црквата „Св. Мина“, која постоела во центарот на Скопје, комплетно настрадала во земјотресот

Оваа цр­ква е зна­чај­на за МПЦ-ОА би­деј­ќи во неа е до­не­се­на од­лу­ка­та за са­мо­стој­ност на МПЦ - по­твр­де­на пре­ку отс­лу­жу­ва­ње­то за­ед­нич­ка ар­хи­е­реј­ска ли­тур­ги­ја со срп­ски­от па­три­јарх Гер­ман на 19 ју­ли 1959 го­ди­на и исто­вре­ме­но е из­вр­ше­на и хи­ро­то­ни­ја на прес­пан­ско-би­тол­ски­от вла­ди­ка Кли­мент

Во пер­и­о­дот ме­ѓу две­те свет­ски вој­ни  во Скоп­је по­сто­е­ле не­кол­ку цр­кви. На ле­ва­та стра­на на ре­ка­та Вар­дар има­ло три ста­ри пра­вос­лав­ни цр­кви и ед­на но­во­из­гра­де­на на дес­на­та стра­на на гра­дот.

Цр­ква­та  „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“ би­ла нај­го­ле­ма и нај­им­по­зант­на цр­ква во гра­дот.  Цр­ква­та се на­о­ѓа­ла  во нај­го­ле­мо­то  ма­а­ло, Пај­ко ма­а­ло. Со средс­тва на цр­ква­та „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“ и на до­бро­де­те­ли од гра­дот би­ле из­гра­де­ни две цр­кви-ќер­ки, а тоа би­ле цр­кви­те „Све­ти Ѓор­ги“ и цр­ква­та „Цар Кон­стан­тин и ца­ри­ца Еле­на“. До Со­бор­на­та цр­ква „Све­та Бо­го­ро­ди­ца“ се на­о­ѓа­ла за­пу­ште­на цр­ква, „Све­та Ми­на“, ко­ја би­ла из­гра­де­на во 1902 го­ди­на.

Цр­ква­та е исто­ри­ски ма­ке­дон­ски пра­вос­ла­вен хри­сти­јан­ски храм. Во 1935 го­ди­на би­ла об­но­ве­на и пре­тво­ре­на во цр­ко­вен му­зеј на Скоп­ска­та епар­хи­ја. Има­ла 250 ква­драт­ни ме­три ко­рис­на по­вр­ши­на и во неа тре­ба­ло да се чу­ва­ат ико­ни, фре­ски и дру­го. Комп­лет­но на­стра­да­ла во зем­јо­тре­сот во 1963 го­ди­на. Оваа цр­ква е зна­чај­на за МПЦ-ОА би­деј­ки во неа е до­не­се­на од­лу­ка­та за са­мо­стој­ност на МПЦ – по­твр­де­на пре­ку отс­лу­жу­ва­ње­то за­ед­нич­ка ар­хи­е­реј­ска ли­тур­ги­ја со срп­ски­от па­три­јарх Гер­ман на 19 ју­ли 1959 го­ди­на и исто­вре­ме­но е из­вр­ше­на и хи­ро­то­ни­ја на прес­пан­ско-би­тол­ски­от вла­ди­ка Кли­мент. По­стои ини­ци­ја­ти­ва да се во­зоб­но­ви цр­ква­та или евен­ту­ал­но це­ли­от комп­лекс ка­ко му­зеј.

– Зо­што да не се во­зоб­но­ви. Ова е ви­стин­ско пра­ша­ње. Ов­де има­ло те­ме­ли. По­сто­е­ла цр­ква­та „Све­ти Ми­на“ и таа по­втор­но тре­ба да се из­гра­ди – ни ре­че све­ште­ни­кот од цр­ква­та „Св. Ди­ми­три­ја“ во Скоп­је.

Reportaza117-2

 

Во неа осо­бе­но би­ла за­си­ле­на со­би­рач­ка­та актив­ност на цр­ков­ни бо­гос­луж­бе­ни пред­ме­ти, фре­ски, ико­ни и ра­ко­пи­си, ко­ја се раз­ви­ла со офор­му­ва­ње­то на Цр­ков­ни­от му­зеј во цр­ква­та „Св. Ми­на“ во Скоп­је во 1933 го­ди­на.

По­ста­ри­те рас­ка­жу­ва­ат де­ка под вли­ја­ние на грч­ка­та и на срп­ска­та про­па­ган­да цр­ква­та за вре­ме на Пр­ва­та свет­ска вој­на би­ла пре­тво­ре­на во коњ­ска шта­ла. На иде­ја на ми­тро­по­ли­тот скоп­ски Јо­сиф и на ди­ре­кто­рот на бан­ка „Вар­дар“, Ми­лан Јо­ва­но­виќ-Стој­ми­ро­виќ, би­ле ур­на­ти две­те ку­ли на цр­ква­та. Во 1935 го­ди­на би­ла об­но­ве­на и пре­тво­ре­на во Цр­ко­вен му­зеј на Скоп­ска­та епар­хи­ја.

Праз­ни­кот по­све­тен на све­ти­от ве­ли­ко­ма­че­ник Ми­на се од­бе­ле­жу­ва на 24 но­ем­ври. Тој на ико­ни­те е прет­ста­вен ка­ко вој­ник ка­чен на бел коњ и им по­ма­гал на тие што би­ле во не­вол­ја.

– По по­тек­ло Ми­си­рец и вој­ник по за­ни­ма­ње, Све­ти Ми­на, ка­ко ви­стин­ски хри­сти­ја­нин, не мо­же­ше да го гле­да од­врат­но­то жр­тво­при­не­су­ва­ње на идо­ли­те, па ја на­пу­шти вој­ска­та и гра­дот и лу­ѓе­то и сѐ, и оти­де во пу­ста пла­ни­на. Би­деј­ќи на све­ти Ми­на му бе­ше по­лес­но да жи­вее со ди­ви­те ѕве­ро­ви одо­што со нез­на­бож­ни­те лу­ѓе. Еден ден све­ти­те­лот го про­ѕре од да­ле­чи­на нез­на­бо­жеч­ко­то праз­ну­ва­ње во гра­дот Ка­ту­а­ни­ја, па се спу­шти во гра­дот и пред си­те ја об­ја­ви сво­ја­та ве­ра во жи­ви­от Бог Хри­стос, а ги изоб­ли­чи идо­ло­пок­лонс­тво­то и нез­на­бош­тво­то ка­ко ла­га и мрак. Кне­зот на тој град, не­кој Пи­рос, го за­пра­ша све­ти Ми­на кој е тој и што е. Све­ти­те­лот му од­го­во­ри: „Та­тко­ви­на ми е Ми­сир, име­то ми е Ми­на, бев офи­цер, но ко­га го ви­дов идо­ло­пок­лонс­тво­то, се одре­ков од ва­ши­те по­че­сти. Се­га дој­дов пред си­те да го об­ја­вам мо­јот Хри­стос ка­ко ви­сти­нит Бог, за и он ме­не да ме об­ја­ви ка­ко свој слу­га во Царс­тво­то Не­бес­но“. Ко­га го слуш­на ова Пи­рос го под­ло­жи Све­ти Ми­на на го­ле­ми ма­ки. Го би­е­ја, го стру­жеа со же­лез­ни че­тки, го го­реа со све­ќи и го ма­чеа со раз­ни дру­ги ма­ки, па нај­пос­ле го уби­ја со меч. Те­ло­то му го фр­ли­ја во оган за да не го зе­мат хри­сти­ја­ни­те, но тие, се­пак, спа­си­ја од ог­нот не­кои де­ло­ви. Овие оста­то­ци ги по­гре­баа чес­но, а по­доц­на беа пре­не­се­ни во Але­ксан­дри­ја и та­му ги по­гре­баа и над нив из­гра­ди­ја цр­ква. Св. Ми­на по­стра­да око­лу 304 го­ди­на и се пре­се­ли во Хри­сто­во­то Царс­тво. Тој бе­ше и оста­на го­лем чу­до­тво­рец во два­та жи­во­ти, и на зем­ја­та и на не­бо­то. На се­ко­го кој­што го сла­ви Св. Ми­на и во не­вол­ја со ве­ра го по­ви­ку­ва на по­мош, тој и му по­мог­нал. По­ве­ќе­па­ти се ја­ву­ва­ше ка­ко вој­ник на коњ за да им по­мог­не на вер­ни­те или за да ги каз­ни не­вер­ни­те – рас­ка­жу­ва Мар­ко Ки­тев­ски, со­вет­ник во Ин­сти­ту­тот за фолк­лор.

Reportaza117-3

Семејнта слава е врзана за огништето, и отткука нејзиното празнување треба да биде во домот-олицетворение на хармонијата и топлината

Но­ем­ври е ме­сец на најм­но­гу пра­вос­лав­ни праз­ни­ци кои нај­го­лем број од хри­сти­јан­ски се­мејс­тва ги праз­ну­ва­ат ка­ко имен­ден или се­меј­на сла­ва.

– Искре­но да ви ка­жам, по де­се­ти­на го­ди­ни праз­ну­ва­ње на до­маш­на сла­ва, ко­ја ина­ку ја нас­ле­див од мо­јот де­до, се ре­шив го­сти­те да ги пре­че­кам во еден од скоп­ски­те ре­сто­ра­ни. На пр­ва мис­ла се бе­ше по­ед­но­став­но, не­ма на­ба­вки, при­пре­ми, го­тве­ње, сеч­ка­ње, по­зај­му­ва­ње сто­ли­ци и ма­си од со­се­ди. Та­ка и се слу­чи, го­сти­те си дој­доа, се от­пу­шти­ја, но, ка­ко што по­ми­ну­ваа ча­со­ви­те, по­чув­ству­вав де­ка не­што ми не­до­сти­га, не­што што не мо­же да го по­чув­ству­ва оној кој сла­ва­та, имен­де­нот или кој би­ло ден го праз­ну­ва она­ка ви­стин­ски. Го не­ма­ше оној до­ма­шен ам­би­ент, онаа топ­ли­на ко­ја го да­ва до­маш­но­то ог­ни­ште, па и не ба­ди­ја­ла од пам­ти­век се на­ре­ку­ва не­ли до­маш­на или куќ­на сла­ва. От­то­гаш си ве­тив де­ка до­маш­ни­те сла­ви ќе си би­дат ор­га­ни­зи­ра­ни во до­мот – ве­ли скоп­ја­нец ко­ја ја сла­ви оваа сла­ва.

Ос­нов­но е да се за­др­жат оби­ча­и­те, а оста­на­то­то мо­же и со скром­на тр­пе­за да се од­бе­ле­жи.

– Нај­бит­но е лу­ѓе­то да не за­бо­ра­ват на еле­мен­ти­те без кои не мо­же да се од­бе­ле­жи сла­ва­та, леп­че, ви­но, пче­ни­ца и све­ќи, дру­го­то тре­ба да би­де скром­но, не тол­ку пом­пез­но за да се за­се­ни она цр­ков­но­то и све­тов­но­то, кое и не при­ли­чи на праз­ну­ва­ње­то. Тра­ба да се има ме­ра и во праз­ну­ва­ња­та, то­гаш мо­же да се пре­те­ра и со ал­ко­хол, па се на­ру­шу­ва све­то­ста и до­сто­инс­тво­то на прос­ла­ва­та на праз­ни­кот. Чест тре­ба да му се од­да­де на све­ти­те­лот кој е за­штит­ник на до­мот и на се­мејс­тво­то, тре­ба не­му да му обр­не­ме вни­ма­ние. Јас дол­ги го­ди­ни сум све­ште­ник и знам што е смис­ла­та на до­маш­на­та сла­ва, до­сто­инс­тво­то и зас­лу­га­та на све­те­цот кој го сла­ви­ме, не­го­ви­от све­ти­тел­ски лик – ве­ли све­ште­ни­кот.

– Се­меј­на­та сла­ва е вр­за­на за ог­ни­ште­то, и от­ту­ка неј­зи­но­то праз­ну­ва­ње тре­ба да би­де во до­мот-оли­це­тво­ре­ние на хар­мо­ни­ја­та и топ­ли­на­та. Смис­ла­та на праз­ну­ва­ња­та е да ги со­бе­ре и збли­жи на ед­но ме­сто род­ни­ни­те и при­ја­те­ли­те и да ја за­јак­не ме­ѓу­себ­на­та по­чит и до­вер­ба – об­јас­ну­ва Мар­ко Ки­тев­ски, со­вет­ник во Ин­сти­ту­тот за фолк­лор.

На овие праз­ни­ци во до­мот или во цр­ква све­ште­ни­кот осве­ту­ва леб, во­да, ви­но и пче­ни­ца. Жи­то­то ка­ко сим­бол на во­скре­се­ни­е­то, ви­но­то сим­бол на кр­вта Ису­со­ва, ле­бот -те­ло­то Хри­сто­во. Све­ќи­те да­ва­ат свет­ли­на и ја сим­бо­ли­зи­ра­ат Гос­по­до­ва­та свет­ли­на и топ­ли­на. Го­ле­ма­та све­ќа се ви­ка ло­ба­да и таа се упо­тре­бу­ва во обре­ди­те за сла­ва и во свад­бе­ни­те оби­чаи. Тем­ја­нот-ми­риз­ли­ва­та смо­ла со ка­ра­кте­ри­сти­чен ми­рис се ко­ри­сти за да се бр­ка­ат и про­го­ну­ва­ат де­мо­ни­те, ни рас­ка­жа Ки­тев­ски.

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 117. број на неделникот „Република“, 28.11.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top