И ѕвездите се луѓе кои имаат исти потреби како и сите. Сите се согласуваме дека сексот само во спалната соба може да биде досаден и монотон. Затоа понекогаш не е на одмет да се извлечеме од креветот и да имаме секс во јавност. Внимавајте само некој да не ве фати на дело.
Многу славни личности се фатени на дело кога мислеле дека никој не ги гледа. Меѓу нив се Вил Смит и неговата сопруга Џада Пинкет, потоа се зборувало дека Скарлет Јохансон и Бенисио дел Торо имале секс во лифт, но глумците ги негирале гласините. Наводно лифтот не бил доволно голем.
Ова се ѕвездите фатени на дело
ДРУ БАРИМОР И ФАБРИЦИО МОРЕТИ
Имале секс во тоалетот за време на опера. Тоа било за време на изведувањето на „Ла Бохеме“ во Њујорк. Најверојатно им било многу досадно, па двојката одлучила да се забавува. Можеме да замислиме колку им било непријатно кога биле фатени.
АНЏЕЛИНА ЏОЛИ И БИЛИ БОБ ТОРНТОН
Сите го паметиме дивиот и страствен брак на Анџелина и Боб. На доделувањето на музичките награди „Ем-Ти-Ви“ во 2000 година, двојката гордо изјавиле дека на пат до церемонијата имале жежок секс во автомобилот. Тоа било шок за сите.
КРИСТЕН ДАНСТ И ЏЕЈК ГИЛЕНХАЛ
Млади и популарни. Во времето на својата најголема популарност, глумицата Кристен Данст и глумецот Џејк Гиленхал беа омилена холивудска двојка. Кристен признала како се обидувале малку да го зачинат сексот, па имале секс во автомобил, во бања и покрај море. Наводно границата ја повлекле во хотелскиот ходник.
МАЈЛИ САЈРУС И ЛИАМ ХЕМСВОРТ
Некогашните свршеници очигледно биле многу страствени. Се зборува дека двојката имала секс под маса, на забава по повод доделување награди на магазинот „Венити феир“. Никој ниту ги негирал ниту ги потврдил гласините.
ВИЛ СМИТ И ЏАДА ПИНКЕТ СМИТ
Глумецот Вил Смит и неговата сопруга Џада се во брак од 1997 година и важат за моќна холивудска двојка. Глумицата во една пригода открила зошто во 2010 година не се појавиле на црвениот тепих за доделувањето на „Оскар“. Џада раскажала како нејзиниот сопруг ѝ го упатил „тој поглед“ и тоа било доволно. Имале секс на задното седиште од лумизината на пат до цереонијата. Глумицата завршила без шминка на лицето.
ЏЕРАРД БАТЛЕР
Наградата за најсекси играчка, како што се мобилните тоалети „тои тои“ оди кај Џерард Батлер. Глумецот е виден на еден музички фестивал во Калифорнија како предизвикувачки и секси танцува со мистериозна русокоса. Врвот бил кога ја одвел во тоалет „тои тои“.
ХЈУ ГРАНТ
Глумето во 1997 година е фатен во автомобил за време на секс со проститутка. И не само што бил фатен, бил и уапсен. Тоа било јавно понижување за Хју Грант, и тоа се случило додека бил во врска со убавата Елизабет Харли.
Денес Хју Грант е татко на три деца, од две различни девојки, а од нив ниту една не му стана сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.









