Џеф Јанг, навивачот на Блит Спартанс, седмолигаш во Англија, е вистински пример за бескрајна љубов кон својот клуб. Минатиот месец 49-годишниот симпатизер на „спартанците“ прослави убав јубилеј, 1500 меча на кои без прекин го следел својот омилен клуб.
Последното отсуство на Јанг од меч во кој играле Спартанс е во 1987 година, а причината е беспарицата. Џеф не успеал да најде превоз за Бат за да го проследи дуелот на Блит против Бат сити.
– Врескав од мака, а уште полошо ми беше неколку години подоцна кога дознав дека сум можел да стасам до Бат. Еден мој пријател ми кажа дека патувал со автомобил и дека имало место и за мене. Јас немав пари за да минам илјада километри, но оттогаш не сум пропуштил ниту еден дуел на Спартанс – вели Јанг.
За својот клуб, Џеф пропуштил и дел од својата свадба.
– Морав да побегнам. Потоа се вратив. Па, знаете каде бев – се шегува Јанг. Тој стана популарен откако го прослави илјадитиот меч со присуство на „Крофт парк“, кој е домашен терен на Блит Спартанс. За евиденцијата е заслужна Ен Донели, поранешна секретарка во клубот. Таа му испратила писмо, кое Јанг го нашол пред влезната порта на својот дом.
– Натпреварот што ќе го играме на Бамбер Бриџ ќе ти биде 1.004. по ред на трибините кога играат Блит. Ти честитам, и се радувам што има уште некој како мене што е луд по Спартанс – напишала Донели.
Таа по службена должност, исто така, имала низа од илјада натпревари на Спартанс, но подоцна ја прекинала. Оваа на Јанг сѐ уште трае и е потврда за вистинска љубов и верност кон еден клуб, неговите Блит Спартанс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение




