| четврток, 6 декември 2018 |

„Го слушнав хирургот како вели: Засечи подлабоко во окото. Врескав, но никој не ме слушна”

Пациентите, кои се разбудиле за време на операција под општа анестезија, опишаа дека чувствувале гушење, парализа, болка и халуцинации, а некои имале и искуство на работ од смртта. Кај повеќето, будноста траела околу пет минути.

-Бев будна, но не можев да се помрднам. Го слушнав хирурхот како вели: Засечи подлабоко во окото. Врескав, но никој не ме слушна. Ништо не ме болеше. Се обидов да ги помрднам прстите и да се тргнам од операционата маса, но бев парализирана. Мислев дека умирам, раскажала Керол Веирер, присетувајќи се на својата операција на окото и своето непланирано будење пред таа да заврши.

Феноменот наречен „случајна свест под општа анестезија“, оставил трајни последици на Керол – таа се бори со посттрауматски стрес веќе 16 години.

„Од 1998 година спијам во фотелја, бидејќи ако легнам на грб ми се враќаат флешбекови од операционата маса и почнувам да се тресам“, раскажала Керол.

Според најновата студија која во Велика Британија е спроведена на три милиони пациенти кои добиле општа анестезија, еден од 19.600 се разбудил во текот на операција. Во САД стапката е многу поголема: еден пациент од илјада е буден под општа анестезија. То главно се случува поради лоша техника при давањето на анестезија, но и поради лошото дозирање.

Пациентите опишале дека чувствувале гушење, парализа, болка, халуцинации, а некои имале и искуство на раб на смртта. Кај повеќето тоа траело околу пет минути. Сите кои се разбудиле при операција, имаат последици како Керол: посттрауматски стрес и депресија, а како најлошо од сите чувства го навеле чувството на парализираност.

Така било и со шестгодишниот син на Кристен, кој како двегодишник бил на операција на крајниците. После операцијата, детето почнало чудно да се однесува. Имал тешки напади на анксиозност.

„После една година почна да ни го открива своето трауматично искуство и како бил буден за време на операцијата. Се сеќава како изгледал хирургот на операцијата. Има ноќни мори, флешбекови и анксиозност“, раскажала Кристен за CNN.

Под поголем ризик од доживување на случајна свест при општа анестезија се пациентите кои имаат царски рез или операција на срцето, кажа доктор Џедип пандит, консултант анестезиолог во Оксфорд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top