Врнежите дожд проследени со високи температури условија зголемување на сите водостои особено во полошкиот, југозападниот и пелагонискиот регион каде се забележани најголеми количества воден талог изминатите денови.
Како што соопшти УХМР, најранливи подрачја каде што треба да се следи состојбата се горниот дел на сливот на реката Вардар (Јегуновце и Раотинце), горниот и пелагонискиот дел на сливот на Црна.
Водите во горниот дел на сливот на реката Треска и Радика денеска се во опаѓање. Вечер и во текот на ноќта се очекуваат врнежи во југоисточна и источна Македонија каде водостоите ќе продолжат да растат.
Утре и во петок претпладне не се очекуваат врежи што ќе придонесе за времено стабилизрање на водотеците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.