Скромно дерби без голови и со шанси што можат да се избројата на прстите на една рака одиграа градските ривали од Скопје, Вардар и Работнички.
Во последното 17. есенско коло „црвено-црните“ ја задржаа лидерската позиција со 38 бода и ќе презимат како лидери на табелата до март кога ќе продолжи шампионатот.
Работнички ја оствари целта и не дозволи втор пораз од главниот ривал за титулата, па остана зад Вардар со 35 бода.
Ако на теренот беше здодевно, на трибините вистинско шоу приредија „Лоја Фанс“ со прослава на 15-годишен јубилеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



