| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбал се игра за публика, на дербито Вардар – Работнички мизерна посета

Фудбалот се игра за публика, а во Скопје на големото соседско дерби за есенската титула меѓу Вардар и Работнички има само околу илјада и петстотини гледачи.

Слабата посета зачудува, ако се знае дека е недела и дека играат двете првопласирани екипи во домашниот шампионат. Патем денеска една од двете најголеми навивачки групи на Вардар „Лојал фанс“ слават 15 години постоење, што очигледно не беше дополнителен мотив да се дојде на „Филип втори“ арената за да се проследи дербито меѓу соседите од Градскиот парк.

Натпреварот започна во 17 часот.

rabotnicki-vardar-1

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top