| четврток, 6 декември 2018 |

Мермерниот иконостас во црквата „Архангел Михаил“ е единствен во Македонија

За праз­ни­кот ов­де ќе не­ма иг­ла ка­де да се фр­ли. Се­ко­ја го­ди­на ов­де има мно­гу на­род. Уште ра­но на­у­тро, ко­га отво­ра цр­ква­та, се со­би­ра­ат лу­ѓе во дво­рот, а по­тоа до­а­ѓа и г.г. Сте­фан и поч­ну­ва ли­тур­ги­ја­та, ве­лат од цр­ква­та

Цр­ква­та „Св. Ар­хан­гел Ми­­ха­ил“ што се на­о­ѓа во скоп­ска­та на­сел­ба Авто­ко­ман­да за мно­гу­ми­на е за­сол­ни­ште од ре­ал­но­ста, а за не­кои, пак, се­којд­не­вен мир. Ја по­се­тив­ме не­кол­ку де­на пред го­ле­ми­от праз­ник Ар­хан­гел Ми­ха­ил. Си­те беа разд­ви­же­ни. Мно­гу­број­ни по­се­ти­те­ли на раз­лич­на во­зраст ми­ну­ва­ат одре­ден ден од де­нот ов­де би­деј­ќи, ка­ко што ве­лат, ту­ка мо­жат да из­бе­га­ат од се­којд­нев­ни­от стрес, сту­ден­ти­те да учат во мир и ти­ши­на, а ба­би­те и де­дов­ци­те ги но­сат вну­ци­те да си по­и­гра­ат на чист воз­дух во уба­во уре­де­ни­от парк во око­ли­на­та на цр­ква­та. Во дво­рот на цр­ква­та мо­же да се за­бе­ле­жат па­у­ни, кои ши­реј­ќи ги сво­и­те жи­во­пис­ни опа­шки ги поз­дра­ву­ва­ат по­се­ти­те­ли­те, за­ја­чи­ња­та од не­о­дам­на се дел од оваа уба­ва при­каз­на, а гу­ла­би­те, кои по­сто­ја­но сле­ту­ва­ат и лет­ну­ва­ат од по­кри­вот од цр­ква­та ја за­о­кру­жу­ва­ат пре­крас­на­та сли­ка за ми­рот и за спо­којс­тво­то што мо­же да го нај­де­те ов­де.

– Дво­рот е го­лем и уба­во уре­ден, ама има мно­гу ра­бо­та за да се одр­жи ва­ка чист и убав ка­ков што го гле­да­те – ни ре­че ед­на од вра­бо­те­ни­те.

Reportaza116-2

Се­га си­те вра­бо­те­ни во цр­ква­та се под­го­тву­ва­ат да ги пре­че­ка­ат мно­гу­број­ни­те по­се­ти­те­ли, кои на де­нот на праз­ни­кот ќе дој­дат во цр­ква­та.

– Го­ди­на­ва праз­ни­кот се па­ѓа во пе­ток. Уште од че­твр­ток на­ве­чер ќе дој­дат тие што има­ат до­маш­на сла­ва или имен­ден и но­сат слав­ски ко­лач или леп­че за да им го ис­пее по­пот. А в пе­ток на­у­тро ов­де ќе не­ма иг­ла ка­де да се фр­ли. Мо­же­би мал­ку е нез­год­но што праз­ни­кот е во ра­бо­тен ден, но се­ко­ја го­ди­на ов­де има мно­гу на­род. Уште ра­но на­у­тро ко­га отво­ра цр­ква­та се со­би­ра­ат лу­ѓе во дво­рот, а по­тоа до­а­ѓа и г.г. Сте­фан и поч­ну­ва ли­тур­ги­ја­та – ни рас­ка­жа же­на­та.

Reportaza116-3

Праз­ни­кот Со­бор на све­ти ар­хан­гел Ми­ха­ил, кој се праз­ну­ва на 21 но­ем­ври, ме­ѓу на­ро­дот е поз­нат ед­но­став­но ка­ко Аран­гел или Аран­ге­лов­ден. Мно­гу се­мејс­тва го има­ат за до­ма­шен праз­ник и го праз­ну­ва­ат со до­маш­ни служ­би.

Мар­ко Ки­тев­ски, на­ши­от поз­нат фолк­ло­рист што ги про­у­чу­ва на­род­ни­те оби­чаи, ве­ру­ва­ња­та и сла­ви­те кај ма­ке­дон­ски­те хри­сти­ја­ни, ве­ли: „Не­ка е бла­гос­ло­вен до­мот што сла­ва­та ја сла­ви спо­ред ре­дот, оби­ча­и­те и пра­ви­ла­та на цр­ква­та“.

– Сла­ва­та без осве­тен дом, без слав­ска пче­ни­ца и ко­лач, без све­ќа и кан­ди­ло пред ико­на­та, прет­ста­ву­ва обич­на пи­јан­ка, без дух и без Бож­ји бла­гос­лов. Не е ра­бо­та­та на сла­ва­та да се из­на­ја­де­ме и из­на­пи­е­ме. По­мал е гре­вот сла­ва­та да не се сла­ви, откол­ку да се пре­тво­ри во пи­јан­ка, ко­ја за­вр­шу­ва со чо­че­ци на ма­са. За­тоа што, свет­ци­те сво­ја­та сла­ва ја здо­би­ле со пост и мо­ли­тва, па не­ма ни да ги пог­лед­нат тие се­мејс­тва што не ја по­чи­ту­ва­ат сла­ва­та, па ду­ри и на пос­ни сла­ви из­не­су­ва­ат и мрс­на хра­на. Ако ве­ќе се сла­ви не­ко­ја сла­ва, то­гаш кул­ту­ра­та и вос­пи­ту­ва­ње­то на­ла­га­ат до­ма­ќи­нот да ги до­че­ка го­сти­те пред ку­ќа­та или на куќ­ни­от праг, све­че­но об­ле­чен и слав­ски рас­по­ло­жен со збо­ро­ви­те: „До­бре дој­до­вте“. Го­сти­те ја че­сти­та­ат сла­ва­та ве­леј­ќи: „Среќ­на сла­ва, до­ма­ќи­не, те­бе и на тво­јот дом, на се­мејс­тво­то“. На тоа до­ма­ќи­нот од­го­ва­ра: „До­бре дој­до­вте, и не­ка и вам ви по­ма­га Гос­под и све­ти Ар­хан­гел“, ве­ли Ки­тев­ски.

Reportaza116-4

На овој ден имен­ден праз­ну­ва­ат: Ан­гел, Ан­ге­ли­на, Ми­ха­ил, Ми­ла, Мил­ка, Ми­ха­и­ла, Ми­хо, Рај­ко, Рај­на, Ра­тка…

Да се вра­ти­ме на цр­ква­та во Га­зи Ба­ба, ко­ја му е по­све­те­на на вој­во­да­та на це­ла­та ан­гел­ска вој­ска – ар­хан­гел Ми­ха­ил. Цр­ква­та поч­на­ла да се гра­ди ка­ко за­дуж­би­на на кра­лот Але­ксан­дар Ка­ра­ѓор­ѓе­виќ во 1928 го­ди­на со иде­ја во неј­зи­но­то под­нож­је да се со­бе­рат ко­ски­те од за­ги­на­ти­те вој­ни­ци од Пр­ва­та свет­ска вој­на. Тоа мо­же да се ви­ди и од нат­пи­си­те на ико­но­ста­сот ка­де што е за­бе­ле­жа­но де­ка Але­ксан­дар Пр­ви ја из­гра­дил оваа цр­ква и се по­ста­ве­ни по два ор­ла со гр­бот на срп­ска­та вој­ска од две­те стра­ни на ико­но­ста­сот. Цр­ква­та има ка­ра­кте­ри­сти­чен мер­ме­рен ико­но­стас, кој бил по­ста­вен уште ко­га се гра­де­ла. Та­ков ико­но­стас, кој е мно­гу скап и те­жок за обра­бо­тка, мно­гу ре­тко се на­о­ѓа во ма­ке­дон­ски­те цр­кви. Спе­ци­фи­чен е и рел­је­фот на св. Ар­хан­гел по­ста­вен на над­во­реш­ни­от го­рен дел, вед­наш над влез­на­та вра­та во цр­ква­та. Во со­ста­вот на цр­ква­та се на­о­ѓа и цр­ков­ни­от па­рак­лис по­све­тен на „По­кров на пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца“, ка­де што, спо­ред ве­ру­ва­ња­та, из­ви­ра све­та и чу­до­твор­на во­да. Из­гра­де­на е во сре­ди­на­та на 18 век, а по­доц­на е из­гра­де­на и осве­те­на ма­ла цр­ков­на кр­стил­ни­ца по­све­те­на на све­ти­те чу­до­твор­ци Куз­ман и Дам­јан, ко­ја се на­о­ѓа во дво­рот на цр­ква­та.

Reportaza116-5

Во дво­рот на цр­ква­та се на­о­ѓа­ат и анг­ли­ски­те во­е­ни гро­би­шта од Пр­ва­та свет­ска вој­на, ка­де што се по­гре­ба­ни анг­ли­ски­те вој­ни­ци, кои ов­де за­ги­на­ле од 1914 го­ди­на до 1918 го­ди­на.

Reportaza116-6

Ста­ри­те скоп­ја­ни оваа цр­ква ја па­ме­тат под на­зи­вот „Храм Сла­ве“, по­ра­ди вој­ни­ци­те, чи­и­што ко­ски се сме­сте­ни во спо­мен –ко­стур­ни­ца­та, ко­ја се на­о­ѓа во крип­та­та на оваа цр­ква.

– Ста­ну­ва збор за 923 вој­ни­ци. Нив­ни­те пос­мрт­ни остан­ки би­ле со­бра­ни од бли­ски­от рид на Га­зи Ба­ба, ка­де што би­ле по­гре­ба­ни по ед­на же­сто­ка би­тка во Пр­ва­та свет­ска вој­на. Дол­го вре­ме и дво­рот на цр­ква­та бил со спо­ме­ни­ци на овие вој­ни­ци, кои се­га се от­стра­не­ти, ни рас­ка­жаа ло­кал­ни­те жи­те­ли.

Reportaza116-7

 

(Пишува: Невена Поповска | Фото: Игор Ангеловски
Текст објавен во 116. број на неделникот „Република“, 21.11.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top