| четврток, 6 декември 2018 |

„Икона“ го издаде второто издание на „Светилка за Ханука“

ikona

Деновите кога се заокружува 70-годишнината од депортацијата на македонските и во знак на сеќавање на холокаустот на Евреите од Европа, издавачката куќа „Икона“ го објавува второто издание на збирката раскази и новели „Светилка за Ханука“ на Томислав Османли.

Книгата содржи драматични повести, сугестивни ликови и многубројни теми од животот, но и од страдањето на Евреите, како од Македонија, така и од различни места во поширокиот регион.

„Светилка за Ханука“ вклучува девет прозни целини од различка големина, слично на обредната светилка која се користи за Ханука, еврејскиот празник на светлината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top