Македонската кошаркарска репрезентација ќе ја чека ждрепката за Европското првенство што ќе се оддржи во Париз на 8 декември од четвртиот барабан, заедно со селекциите на Италија, Полска и Белгија. Континенталниот шампионат ќе се игра во септември догодина со заедничка организација на Франција, Хрватска, Германија и Летонија.
Посакувана група за пласман во втората фаза секако би биле Хрватска од првата група, потоа Украина или Финска од вториот барабан, заедно со Летонија од третиот сад и Чешка и Исланд од најслаборангираните селекции при ждрепката.
Распоред пред ждрепката на 8. декември во Париз.
Прв барабан: Франција, Литванија, Шпанија, Хрватска
Втор барабан: Словенија, Украина, Србија, Финска
Трет барабан: Грција, Турција, Латвија, БиХ
Четврти барабан: МАКЕДОНИЈА, Полска, Белгија, Италија
Петти барабан: Германија, Израел, Чешка, Грузија
Шести барабан: Холандија, Русија, Исланд, Естонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.