| четврток, 6 декември 2018 |

10 работи кои вашата мајка никогаш не ви ги кажала!

bebe

Во моментот кога ќе дознаете дека ќе станете родител вашиот живот за секогаш се менува. Додека се внесувате во улогата на родител, полека сфаќате како се чувствувала вашата мајка. Станувате свесни за жртвата која вашата мајка ја давала и сфаќате дека постојат работи кои веројатно таа никогаш не ви ги кажала.

СТЕ ЈА РАСПЛАКАЛЕ МНОГУ ПАТИ

Плачела кога открила дека е трудна со вас, додека ве раѓала, кога прв пат ве зела во прегратка, плачела од среќа, страв и грижа.

ТАА ГО САКАЛА ТОА ПОСЛЕДНО ПАРЧЕ ТОРТА

Но, кога ве видела како го гледате, не можела да го земе. Знаела дека ќе биде посреќна ако вашето мало стомаче биде полно, а не нејзиното.

БОЛЕЛО

Кога сте ја влечеле за коса, кога сте ја гребеле со ноктите кои не сте сакале да ги сечете, кога сте ја гризеле додека ве доела, кога сте ја удирале во ребра уште додека сте биле во стомакот…

СЕКОГАШ СЕ ПЛАШЕЛА

Од моментот кога ве зачнала, правела се што е во нејзина моќ да ве заштити. Од вашите први чекори до тинејџерските излегувања.

ТАА ЗНАЕ ДЕКА НЕ Е СОВРШЕНА

Секоја мајка е својот најголем критичар. И затоа е строга кон себе кога станува збор за вас. Ако постојат некои работи кои таа би сакала да ги исправи морате да и даде до знаење дека направила најдобро што знаела тогаш.

ВЕ ГЛЕДАЛА ДОДЕКА СПИЕТЕ

Неброени ноќи минала будна, молејќи се конечно да заспиете. Едвај ги држела отворени очите, но била со вас.

ВЕ НОСЕЛА ПОВЕЌЕ ОД ДЕВЕТ МЕСЕЦИ

Ве научила да ве држи во раце додека готви, чисти и јаде. И покрај болките во грбот и заморот ве држела затоа што вие сте сакале да бидете со неа.

И СЕ КРШЕЛО СРЦЕТО СЕКОГАШ КОГА ЌЕ СЕ РАСПЛАЧЕТЕ

За мајката нема потажен звук од оној на вашиот плач. Би направила се што може да ве смири, а кога не би можела да ги сопре солзите срцете би и се скршило на милион парчиња.

ВЕ СТАВАЛА НА ПРВО МЕСТО

Можела да издржи без храна, туширање и сон. Секогаш вашите потреби ги ставала пред своите. Би минала цел ден грижејќи се за вас, а на крајот ан денот не би имала енергија за себе. Меѓутоа, следниот ден ќе почне се од ново.

СЕ БИ ПОВТОРИЛА

Да се биде мајка е еден од најтешките работи на светот. Плачете, ве боли, се трудите, работите и учите. Но, со тоа и искусувате и повеќе среќа отколку што сте мислеле дека е можно и чувствувате дека некогаш ќе ви пукне срцето од силна љубов. И покрај болката, тагата, долгите ноќи и раните утра, таа уште еднаш се би повторила затоа што сте заслужиле.

 

Токму поради тоа следниот пат кога ќе ја видите својата мајка кажете и фала и нека знае дека ја сакате. Верувајте тоа е нешто што не можете да и го кажете премногу пати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top