Бројни познати личности во детството или во текот на својот живот биле во директни или индиректни жртви на насилство. Многумина не сакаат да раскажуваат за тоа, а оние најхрабрите истакнуваат дека тие немили случувања ги претвориле во поцврсти и подобри личности. Погледнете кои од овие познати личности поминале низ тешки ситуации во животот
Шарлиз Терон
Шарлиз е родена во Јужноафриканската република. Нејзиниот татко Чарлс бил алкохоличар и ја малтретирал неа и нејзината мајка. Еден ден, тогаш малата Шарлиз слушнала како нејзиниот татко вика силно, а потоа слушнала и истрел. Кога дотрчала, видела како татко и лежи мртов, а нејзината мајка Герда го држела пиштолот во рака. Таа го убила во самоодбрана затоа што Чарлс под дејство на алкохол мафтал со пушката и претел дека и двете ќе ги убие. Поради тоа мајка и никогаш не била осудена, иако роднините на Чарлс тоа сакале да се случи. На многумина им е затоа чудно што Шарлиз моментално е во врска со Шон Пен кој е познат по насилничкото однесување.
Кристина Агилера
Нејзиниот татко Фаусто бил војно лице и бил многу насилен кон неа и мајка и, која постојано ја тепал.
„Кога бев мала не се чувствував сигурно. Кога се чувствувате беспомошно, тоа е дефинитивно најлошото чувство во светот. Својот спас го нашла во пеењето. Болката која секојдневно ја проживував во домот, може звучи иронично, но е извор на мојата љубов кон музиката“, изјавила Кристина.
Нејзината мајка Шели ја нашла Кристина целата облеана во крв кога имала само 4 години. Нејзиниот татко ја претепал затоа што била бучна додека тој се обидувал да спие. Шели на крајот го напуштила. Татко иако подоцна молел да му простат, Кристина не сакала ниту да чуе за него.
Памела Андерсон
Памела Андерсон иако изјавила дека има прекрасни родители, од својата шеста до својата десетта година била малтретирана од страна на бебиситерката. Кога имала 12 години, 25-годишен маж ја силувал, а во средното училиште ја силувале нејзиното тогашно момче и неговите шест другари. Нејзината мајка исто така била шокирана од овие нејзини изјави, а Памела изјавила дека размислува да ги пријави силувателите иако поминале 30 години отогаш.
Опра Винфри
Во својата популарна емисија Опра изјавила дека била силувана од страна на семеен пријател кога таа имала само 9 години. Кога имала 13 години избегала од домот, забременила и родила син на свои 14 години. Бебето починало две недели подоцна, а нејзиното признание потикнало и други бројни познати личности во нејзината емисија да признаат дека биле жртви на насилство.
Мадона
Во 1986 година Мадона и нејзиниот тогашен сопруг Шон Пен биле во ноќен клуб. Иако имале многу темпераментен брак и постојано се тепале, Шон Пен дополнително ја влошувал ситуацијата со своето пиење. Таа ноќ, Шон излегол од контрола и ја удрил Мадона, а потоа излетал на улица и започнал тепачка. Наводно Шон бил многу посесивен и љубоморен, што дури и следел некој од поранешните партнери на Мадона. Исто така користел фотографии од нејзините поранешни партнери како мета на кои вежбал пукање. Чашата се прелила во моментот кога ја врзал за столица и ја претепал. Две недели подоцна таа поднела тужба за развод.
Ријана
Ријана во едно интервју изјавила дека си ветила самата себеси дека никогаш нема да се забавува со некој што е насилен како нејзиниот татко. Но една кобна ноќ во 2009 година додека седела во колата, нејзиниот тогашен партнер Крис Браун ја претепал. Наводно двојката се расправала затоа што Крис добил порака од својата поранешна девојка. Ријана се налутила затоа што мислела дека сеуште постои нешто помеѓу нив. Фотографиите од нејзиното лице, полно со модринки, го заобиколија светот. Сепак таа и по тоа ја обнови врската со него, но ниту тогаш не потраа долго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.