| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го презема претседателството со Централноевропската иницијатива

cei

Македонија денеска ќе го преземе претседателствувањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) од Австрија.

– Македонија го презема претседавањето од Австрија на ЦЕИ. Ќе имам излагање. Одлична можност за промоција, контакти и остварување на нашите цели. Ќе има настани и во Македонија во наредниот период – изјави синоќа премиерот Никола Груевски.

Претседателот на Владата ќе учествува на 11.Виенски економски форум – Виена самит 2014 „Визии и одговорности во време на промени“, на кој ќе има свое обраќање. На самитот е најавено учество и на други европски лидери.

Груевски најави дека во Виена ќе се сретне со претседателот на Европската банка за обнова и за развој, како и со премиерите на Австрија, Чешка, Италија…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top