Во ПМФЛ денеска беа одиграни останатите три меча од 16. коло.
Тетовска Шкендија по двата порази едноподруго успеа да победи на гостувањето во Кратово против Силекс.
Едниствениот гол вреден три бода беше дело на хрвасткиот интернационалец Бојан Вручина во 21 минута. Со новите три бода Шкендија заостанува десет бода зад лидерот Вардар и седум зад второпласираниот Работнички.
Пелистер конечно по пауза од скоро 800 минута успеа да ја затресе мрежата на противниците. Тоа го стори Бошко Ступиќ постигнувајќи гол на гостувањето против Тетекс. Сепак овој гол не беше доволен за три бода бидејќи натпреварот заврши 1-1. Бразилскиот интернационалец во редовите на Тетекс Луис Фернандо Алвес го отвори резултатот во 14 минута.
Металург лесно и со одлична игра денеска освои нови три бода во дуелот против Турново. Резултатот на крајот на натпреварот гласеше 2-0, а двата гола ги постигна Александар Стојановски во 15 и 48 минута. Со оваа победа Металург го мина Силекс на табелата и сега е четврти.
ПРВА ЛИГА, 16. КОЛО
Тетекс – Пелистер 1-1, Силекс – Шкендија 0-1, Металург – Турново 2-0, Ренова – Вардар 3-0, Работнички – Брегалница 4-0.
ТАБЕЛА: Вардар 37, Работнички 34, Шкендија 27, Металург 24, Силекс 24, Ренова 22, Турново 20, Пелистер 18,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.