| четврток, 6 декември 2018 |

Металург и следната година во ракометната Лига на шампионите

Ракометарите на Металург и следната сезона ќе бидат дел од групната фаза во Лигата на шампионите. Тие денеска добија позитивен одговор од страна на Европската ракометна федерација од Глазгов, па можат да почнат со подготовки за настап во новата сезона.

Металург беше еден од тимовите коишто побараа место во Лигата на шампионите, а со оглед на конкунренцијата можеше да се очекува дека ќе биде обезбедено место и годинава во групите Ц и Д.

За Вардар и претходно се знаеше дека ќе биде дел од ова натпреварување и тоа одново во групите А и Б, а денеска требаше само да биде даден одговор околу тоа кои тимови што не се шампиони ќе се најдат во поквалитетните групи, а кои ќе мораат да имаат подолг пат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top