Новите странски инвестиции ќе донесат 13 илјади нови вработувања во Македонија, најави премиерот Никола Груевски. Тој вечерва гостуваше во вестите на телевизијата „Сител“ каде што, меѓудругото говореше и за инвестициите.
– Jас сум презадоволен од интересот, но и од одлуките што веќе ги донесоа и ги објавија голем број странски инвеститори. Некаде помеѓу јануари – април до изборите, 17 компании донесоа одлуки и самите објавија изградба на фабрики во Македонија. Ние сите ги следиме, имаме контакт, тие веќе длабоко работат на подготовка на проекти и на се друго што е потребно за да почнат да градат. Јас се надевам дека помеѓу декември и март- април следната година најголем дел од нив ке ги почнат градбите на тие фабрики . Осум други фабрики по изборите донесоа одлука и објавија, од изборите до сега, а уште шест не известија дека донеле одлука, но дека не се во можност да објават во овој момент и ние тоа го почитуваме. Од оние инвестиции што досеа се случија и работат, како „ДМ“, „Џонсон Мети“, „Џонсон Контролс“, „КШ“ , досега имаме 11 илјади дирекни вработувања плус многу индиректни – изјави премиерот Груевски за вестите на „Сител“.
Од овие сега што се објавени планот е дека ќе се вработат нови 13 илјади лица – дирекни вработувања плус индиректни. Има многу интерес и понатаму. Секоја недела јас од некој од тимот за инвестиции добивам најмалку една до две компании што доаѓаат. Она што сакам да го истакнам и ме радува , што една од компаниите што пред изборите објави влез веќе за декември размислува да почне да ги гради фабриките, но што е уште поважно ја ревидираше својата бројка и го зголеми бројот на планирани вработувања. Тоа е компанијата Веибо груп која прво објави 4000 луѓе, а најновата бројка е дека ќе вработи 5600 луѓе во кумановско кривопаланечкиот регион. Тоа е плус 1600 вработувања, реле Груевски.
Минатата недела исто така на два пати дојде една израелска компанија која што донесе одлука за отварање на кол центар, веќе се споија со Агенцијата за вработување и таму ги вршат интервјуата. Планираат да ги вработат првите 40 луѓе, а планот им е да имаат помеѓу 1000 и 2000 во период од три години. Покрај ова покажаа интерес , сакаат да купат некоја од постоечките банки, заинтерсирани се и за Спа центар и дата центар.
Инаку од последното патување на роуд шоу во Америка, од состанокот што го имав со една компанија од Лос Анџелес, заедно со мојот тим, веќе една компанија потврди дека ќе дојде на 15 јануари да отвори кол центар. Таа практично беше и најзаинтересираната таму од сите . Следната недела имам средба со компанија која веќе објави дека ќе инвестира во Охрид. Преседателот на оваа компанија исто така доаѓа да го договориме деталите, така што интензивно секоја недела најмалку една до две компании доаѓаат во мојата канцеларија , а плус со многу се контактира.
Крајна цел на сите странски инвестиции е отварање нови работни места и намалување на невработеноста , тоа нам ни се случува имавме 38 % невработеност сега имаме 28 посто и планираме до крајот на овој мандат да дојдеме до 22 отсто. Тоа е целта и така се гледа дали се успешни политиките за привлекување на странски инвестиции – изјави Груевски за Сител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.