Денеска беше формиран новиот политички субјект кај Албанците во Македонија кој е наречен Беса, објави „Алмакос“.
– Гледајќи ја состојбата во која живееме, ние сметавме дека е потребно да се започне нова иницијатива, која е повеќе од потребна – изјави Била Касами кој беше избран за координатор на иницијативниот Советот, притоа нагласувајќи дека откако ќе се евидентира како политички ентитет, ќе учествува на сите избори.
Касами нагласи дека тие ќе се трудат Македонија да биде еднаква за сите граѓани, без оглед на националноста, етничката припадност или религијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.