Разбојник натепал и ограбил баба и дедо во Кочани и им одзел 20 илјади денари, информира полицијата. Вчера околу 13 часот, во Кочани на улицата „Страшо Ербапче“ непознат сторител над сопственикот на куќата Ј.Ј.(81) и над С.П.(82) која живее заедно со сопственикот, непознат сторител извршил разбојништво при што украл 20.000 денари.
Разбојникот преку незаклучената влезна врата влегол во куќата, по што на Ј.Ј. му понудил дрва на продажба. Кога старецот го одбил, тој го турнал старецот на креветот, по што со едната рака му ги фатил рацете, а со другата од џебот од кошулата му ги украл парите. Кога С.П. се обидела да му помогне на Ј.Ј., разбојникот ја турнал на подот и ја удрил неколку пати со клоци по телото, а потоа го напуштил на лице местото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.