На улицата „Руди Чајавец“ во Скопје вчера попладнето две непознати лица со мотоцикл, од кои едниот вооружен со пиштол, извршиле разбојништво врз четириесет и деветгодишен маж од Крива Паланка, кој излегувал од зградата. Разбојниците му одзеле 10.000 евра кои ги носел со себе.
При напуштање на местото на настанот едниот напаѓач испукал еден куршум и повредил педесет и три годишна жена, која била случаен минувач.
Повредената со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде и била констатирана прострелна рана во пределот на десната надколеница. Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.