Повратникот во репрезентацијата на Македонија и играч на шампионот Работнички Аце Стојков продолжува со супериорните игри. Тој на денешниот натпревар во рамките од 16 коло од првата македонска фудбалска лига постигна три гола против Брегалница за победа на Работнички од 4-0, и го остави во трката за шампионската титула својот тим рамо до рамо со екипата на Вардар.
Стојков погоди по само 30 секунди игра по одличната акција на „романтичарите“. Рабтонички го диктираше темпото на игра во текот на сите 90 минути и заслужено славеше за осмата победа по ред во домашното првенство.
Вториот и третио гол беа истотака дело на Стојков во 56 од пенал и 63 минута. Конечниот резултат го постигна Анене во 80 минута.
Вардар на грдскиот стадион во Тетово доживеа висок пораз од Ренова. По натпреварот од купот на кој славеше Вардар со 3-1 истите противници одиграа првенствен натпревар, но овој пат „гипсарите“ беа поуспешни и му го нанесоа првиот пораз на Вардар дури во 16. коло и слеавеа со 3-0.
Ренова два гола постигна од пенал во 31 и 70 минута. На првиот сигурен реализатор беше Емини додека вториот го изведе Мемеди и истотака беше успешен. Двоен стрелец на овој меч беше Изаир Емини кој уште еднаш во 76 минута го матираше вардаровиот голман.
Во следното и последно коло во есенскиот дел од шампионатот се среќаваат Вардар и Работнички во дерби натпревар во кој ќе се одлучи за есенскиот шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


