Боно Бокс, пејачот на Ју2 беше подложен на оперативен зафат во траење од дури пет часа, откако беше утврдено дека повредите со кои се здоби кога паднал од велосипед се посериозни отколку што претходно се чинеше.
Згрижен му е левиот лакот, а коската од скршената рака зацврстена е со три метални плочкисо 18 завртки, изјави Дин Лорич, ортопед во њујоршката болница во Презвитеријан и додаде дека Боно ќе биде на одделението за интензивна нега, а потоа на постапна рехабилитација.
Славниот музичар настрада овој викенд додека се возел со велосипед по Централ Парк во текот на подготовките на неговиот бенд за настап во емисијата „The Tonight Show“.
Гостувањето е откажано, а за сега не е познато дали неговите повреди ќе влијаат и на турнејата со која ќе го промовира новиот албум „Songs Of Innocence“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.