Фудбалерот на Ренова, Фатјон Јусуфи постигна прекрасен еврогол против Вардар во првиот четвртфинален меч од националниот куп, а потоа се повреди и беше однесен во болница.
Со прецизен удар од дваесетина метри во 28. минута 21-годишниот Јусуфи и донесе предност на Ренова од 1-0, а веднаш потоа ја повреди раката и заврши во болница.
Со иста мерка, но од слободен удар на спротивната страна возврати Јасир Асани, уште еден голем талент во нашиот фудбал. И тој со прекрасен удар го погоди самиот агол од противничкиот гол во 42. минута, со што израмни на 1-1. Во тек се уште два меча од првата рунда во четвртфиналето на домашниот куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.