| четврток, 6 декември 2018 |

Свиња изела двегодишно дете

Малото момче си играло во дворот, па лазејќи дошол до свињарникот и успеал да влезе во него, каде се наоѓала свињата со прасињата. Таа најверојатно го нападнала детето плашејќи се за своите млади. Свињата почнала да ја џвака главата на детето, пишува Дејли Мејл.

Кога го слушнале врисокот на детето, родителите истрчале надвор, но било предоцна.

-Влеговме внатре во куќата само за неколку минути, а потоа слушнавме крици. Кога излеговме надвор ја видовме свињата на 80 метри од над како ја џвака главата на синот, изјавил избезумениот татко Сун (25).

Набрзо дошле соседите кои го грабнале животното и го врзале за дрво, а потоа го убиле. Во утробата на свињата биле пронајдени фрагменти од черепот на момчето и коса, а тоа им било покажано и на полицајците како доказ дека свињата го изела момчето.

Портаролот на полицијта изјавил дека свињите се питоми животни, но кога се трудни или штотоку опрасени се однесуваат заштитнички кон младите и може да бидат опасни за се што ќе помислат дека е потенцијална опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top