Македонија претрпе нов, трет пораз во квалификацискиот циклус за пласман на Еп 2016, а се чини ни замина и последниот воз за Франција за пат на континенталниот шампионат за две години.
Словачка вечерва не не надигра во Скопје, но сепак не победи со 2-0 и го задржа сигурниот од и првото место во Ц групата со 12 бода. Куцка и Немец во првото полувреме ги искористија кардиналните грешки во одбраната на Македонија и рутински погодија за победа од 2-0.
Македонските репрезентативци имаа шанси за погодок, особено во првиот дел, но не ги искористија за нов пораз. Во второто полувреме ги притиснавме Словаците, а се чини доцна се разбудивме за евентуален успех и освојување барем на еден бод. По 4 рунди Словачка остана на првото место со максимален учинок, а Македонија е на четвртата позиција со 3 бода. Следниот меч го играме со Белорусија во Скопје на 27 март следната година.
Вечерва во нашата група Шпанија ја декласира Белорусија со 3-0, а со идентичен резултат Украина на гости го поебди Луксембург.
Табела, 4. коло, Ц група: Словачка 12, Шпанија и Украина по 9, Македонија 3, Лукесмбург и Белорусија по еден бод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.