| четврток, 6 декември 2018 |

Словаците лесно ги казнија грешките во одбраната, Македонија има два гола негатива

Словачка е силна репрезентација и тоа го потврди со добра игра по првото полувреме против Македонија, а лидерот во Ц групата умешно ги користи грешките во одбраната на домаќините и води со 2-0.

Најпрво Куцка осамен и оставен пред празна мрежа лесно погоди во 25. минута по асистенцијата на Вајс, а потоа и шпицот Немец казни со гол кардинална грешка во нашата одбрана. Во 38. минута, Штох упати топка ниско по земја во нашиот шеснаесетник, а Немец по кискот на дефанзивците остана сам пред Пачоски и лесно го совлада за убедливи 2-0 по првото полувреме.

kucka

И македонија имаше добри шанси за погодок, но Абдурахими, Адеми и Велкоски не успеаја да погодат, а Трајковски од слободен удар ја погоди пречката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top