| четврток, 6 декември 2018 |

Најдоски не дава да го дриблаат: Дресот со национални обележја е над сите

Илија Најдоски е технички директор во фудбалската репрезентација на Македонија и човекот што пресече, Адис Јаховиќ и Даниел Георгиевски, да бидат отстранети од националниот состав непосредно пред мечот со Словачка. Утре од 20,45 часот ќе играме без нив двајца, а причината е кавга на последниот тренинг.

Јаховиќ и Георгиевски се однесувале непримерно, користејќи и пцости во меѓусебната расправија на теренот, а поголем инцидент спречиле останатите репрезентативци.

Досега атмосферата беше одлична и на тренинзите и на претходните три квалификациски натпревари и едноставно нема причинада се толерираат вакви испади во репрезентацијата. Таа е светост и сите што сме дел од неа треба да ја почитуваме и да оставаме пример како тоа да се прави и во иднина. Ние сите заедно сме тука заради доброто на репрезентацијата, не за себе“, изјави Најдоски.

najdo

Некогашниот европски и светски шампион со Црвена Звезда тешко се минуваше во одбраната, а и сега покажа дека нема да дозволи неприфатливи „дриблинзи“ и инциденти како дел од репрезентацијата на Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top