Истоштеност и измрзнатост е причината за смрта на тригодишното момче од Штип. Чинар Сулејманов, вчера во 12.30 часот бил пронајден мртов во близина на викенд-населбата Суитлак во Штип, на еден километар од куќата каде што живее семејството Сулејманови. Во вторникот семејството пријави дека детето е исчезнато. Три дена подоцна беше пронајдено неговото тело. Обдукцијата покажала дека смртта настанала на истоштеност и замрзнатост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



