| четврток, 6 декември 2018 |

Тригодишното дете што исчезна во Штип е пронајдено мртво

dete3-650x375

Тригодишното момченце, кое вчера исчезна од домот на неговиот дедо во Штип, утрово е пронајдено мртво. Полицијата врши увид на местото каде е пронајдено телото на младиот Чинар Сулејманов.

До утрово траеше потрагата на полицијата и на семејството по момчето, кое последен пат беше видено завчера вечерта кога излегло од домот и се упатило кон куќата на неговиот дедо.
Сè уште не се знаат причините за смртта на детето, кое често питачело на плоштадот во Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top