Вардар во продажба ги пушти влезниците за саботниот натпревар со Веспрем што ќе се игра во арената Јане Сандански.
За поединечна продажба се останати околу 1.000 билети, во блоковите за седење. Тие ќе бидат по цена од 350 денари. Дополнително ќе бидат пуштени и околу 600 билети за стоење во дел од секторите каде за тоа има место, а нивната поединечна цена ќе биде 120 денари.
Билетите може да се купат од вторник од 12 часот на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ или он лајн преку продажната мрежа на MKtickets.mk. Работно време на билетарницата во СЦ „Јане Сандански“ е од 9 до 21 часот секој работен ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



