Нѐ сардисаа повреди и проблеми пред квалификацискиот меч против Словачка в сабота, а од репрезентацијата на Македонија, веројатно, ќе отсуствува и Александар Трајковски.
Офанзивниот фудбалер на Зулте Варегем го повреди скочниот зглоб на денешниот тренинг и е неизвесен за мечот со Словаците. Претходно поради замор во Скопје не допатува Агим Ибраими, фудбалерот на Марибор.
Словачка е лидер во нашата група и е опасен противник, кој доаѓа во Скопје како фаворит. На првиот дуел од квалификациите за настап на ЕП во Франција 2016 година ја победи Украина на гости, потоа го изненади актуелниот европски првак Шпанија, а победа забележа и во третиот меч со Белорусија повторно на гостински терен.
Мечот Македонија – Словачка ќе се игра в сабота од 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.