| четврток, 6 декември 2018 |

Енергенсите ги обединија Грција, Кипар, Египет и Израел

energensi moreГрција и Кипар се подготвуваат да потпишат спогодба со Израел, откако во текот на викендот во Каиро двете држави потпишаа идентичен документ и со Египет, што предвидува исцртување на заедничка посебна економска зона, соопшти весникот „Етнос“. Декларацијата од Каиро дава можност за реализација на новата тристрана средба, овој пат меѓу Грција, Кипар и Израел околу создавањето „коридор“ за безбедност и стабилност во источниот Медитеран.

Наскоро кипарскиот претседател Никос Анастасиадис ќе го посети Ерусалим, каде со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ги поттикнат билатералните односи не само во енергетскиот сектор, туку и во однос на безбедноста, заради ситуацијата во Сирија. Во среда, пак, во Атина се планирани консултации со израелската дипломатија на кои акцент ќе се стави врз подготовката на новата тристрана соработка меѓу Грција, Кипар и Израел.

Лидерите на Грција, Кипар и Египет во Каиро, изминатиот викенд, ја разгледаа можноста за засилување на соработката во областа на енергетиката, имајќи го предвид фактот дека откривањето на резервите природни енергенси во источното Средоземје може да придонесе за регионалната соработка, стабилноста и просперитетот во овој регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top