Руската енергетска компанија Газпром испратила барање до Укртрансгаз за зголемување на испораките на гас во Европската Унија преку украинскиот систем за транспорт на гас.
Испораките би требало да бидат зголемени на 278,9 милиони кубни метри дневно, изјави портпаролот на украинската компанија Максим Бељавскиј.
„Газпром испрати барање за зголемување на транзитот на гас кон Европа преку украинскиот транспортен систем на 278,9 милиони кубни метри. Тоа е секако поради студениот бран кој ја замрзна Европа“, напишал портпаролот на фејсбук страницата на компанијата, а пренесува агенцијата „Тасс“.
Укртрансгас претходно објави дека дневните испораки на гас до европските потрошувачи изнесуваат 245,6 милиони кубни метри на ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.