| четврток, 6 декември 2018 |

Просечни цени на енергенсите во втората половина на 2016 година

struja

Просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата во Македонија во второто полугодие на 2016 година изнесува 5.081 денари по киловат час, што претставува раст од 1,2  отсто во споредба со првото полугодие од годината.

Според податоците на Државниот завод за статистика,  просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3,206 до 7,990 денари по киловат час по групи на потрошувачи.

Просечната цена, пак, на природниот гас без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 12,842 до 14,994 денари по нормален метар кубен по групи на потрошувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top