Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска вети дека до крајот на годината ќе обезбеди финансиска помош од 50 милиони евра за борбата со шверцот на луѓе во Средоземно Море и факторите кои ги тераат мигрантите да заминуваат за Европа, пренесе ДПА.
Меркел изјави дека со финансиската помош ќе се поддржат операциите на Високиот комесаријат на ОН за бегалци и Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Оваа работа не треба да пропадне од финансиски причини, изјави таа на заедничка прес конференција во Берлин со високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, и генералниот директор на Меѓународната организација за миграции, Вилијам Лејси Свинг, кои ги пофалија нејзните напори за справување со миграциската криза во Европа.
Свинг и заблагодари на Меркел за нејзиното смела и далекувида одлука од 2015 година за отворање на границите на Германија за стотици илјади мигранти и бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.