Возачот Јоаким Робин Берген камион полн со гас возел со неприлагодена брзина(повеќе од 100 километри на час) и тоа во спротивна лента, брзајќи кон центарот на градот.
Полицијата неколку минути го бркала, што се претворило во вистиска филмска потера на улиците на главниот град на Каталонија, по што еден од полицајците морал да пука во страничните прозори на кабината, како би го натерал возачот да го запре возилото.
Полицијата соопштила дека возачот е уапсен, истакнувајќи дека го украл камионот и за сега од непознати причини со голема брзина возел кон центарот на градот. Според податоците на локалниот весник „Ла вангардија“ уапсениот е државјанин на Шведска. Полицијата не ја исклучува можноста во прашање да е обид за терористички напад.
Швеѓанинот имал полесни повреди, а откако добил третман во болница, префрлен е во полициска станица на испрашување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.