| четврток, 6 декември 2018 |

Легендата на Вардар, Зоран Банковиќ, застрелан во нога

Поранешниот фудбалер на Вардар, Зоран Банковиќ, е застрелан во нога и е хоспитализиран во Ниш, каде живее. Кон Банковиќ биле испукани 6 куршуми, а едниот од нив го погодил во ногата.
Напаѓачот, ниту мотивот засега не се познати, а Банковиќ сепак минал со полесна повреда. Тој беше дел од познатата генерација на Вардар, што успеа да го стабилизира клубот и да го врати во тогашната Прва југословенска Лига. Банковиќ играше на позицијата стопер, а беше дел од „црвено-црните“ во периодот од 1979 до 1983 година.

bankovic

Тој беше специјален гостин на вардарци пред неколку години на една од акциите за спас на клубот, а сега живее во Ниш и е претседател на фудбалскиот клуб Раднички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top