
За Сер Џејмс Метју, ирскиот судија кој живееше на почетокот на 20-иот век, се вели дека тврдел дека правдата во Англија е отворена за секого, „како Хотелот Риц“. Некои се денес загрижени дека тоа повторно се случува. Се до минатата година, дури и оние кои не можеа да си дозволат да ангажираат адвокати, можеа да побараат правна помош во областите како што се семејно право или спорови околу недвижности. Но повеќе нема да можат. Барајќи начини да се намали британскиот буџетски дефицит, владата ја скрати правната помош. Но со тоа не успеа да го реформира системот.
Правната помош ги чини Англија и Велс околу две милијарди фунти годишно. Оваа цифра во изминатата деценија остана горе-долу иста. Тоа е скапо во споредба со другите европски држави, делумно заради системската контрадикторност – наместо инквизиторска – природа, и делумно заради тоа што во минатото државата секогаш била дарежлива. Сега Крис Грејлинг, секретарот за правда, се обидува да скуси 320 милиони фунти од граѓанските трошоци и 220 милиони фунти од криминалната страна. Од април 2013 година, трошоците за областите кои ги покрива граѓанската правна помош се скусени. Построго е и со средствата за собирање на докази. Помошта за затвореници е ограничена. Хонорарите за бранителите за криминални случаи се скратени. Системот продолжува да функционира – и се уште изгледа дека е во подобра кондиција во споредба со други – но се мачи во ова време на мерки за штедење.
Некои од предлозите на Грејлинг се спречени. Неделава, Домот на лордови не ги одобри плановите за прекинување на судската ревизија, преку кои граѓаните можеа да ја оспорат легалноста на работата на владата. Изблици на гнев, протести и штрајкови од адвокатите, кои велат дека овие кратења ќе ја обезвреднат правдата и ќе ги уништат нивните бизниси, ја натераа владата да одложи некои кратења на хонорарите се до изборите закажани за следната година.
Онаму каде беа направени кратења, тоа веќе се чувствува. Проблемот е посебно акутен кај семејното право. Владата се надева дека луѓето ќе се свртат кон поефтини вонсудски медијации за кои сеуште има пари. Но бројот на оние кои користат такви услуги е помал за 40 проценти во споредба со претходната година. Без правна помош, многу луѓе не добиваат совети од адвокати кои во минатото можеа да препорачаат медијација.
Наместо тоа, се повеќе Британци се застапуваат себеси (како „сам своја странка“), и често со слаб успех. Односот на случаи од семејниот закон во кои ниту една страна не е застапувана, пораснал од 17 на 29 проценти помеѓу март 2011 и декември 2013 година. Случаите без адвокати траат подолго, ги зголемуваат трошоците, а страда квалитетот на правдата.
Сам своја странка
Оние кои самите се бранат се мачат исправно да го водат својот случај. Еден адвокат додека ги гледал, ги споредил со „фрустрацијата со еден хирург кој ќе ја почувствува додека гледа као некој се обидува да си го извади џигерот со лажица“. Жените се вкрстено испрашувани од навредливите поранешни партнери. Луѓето не можат да си дозволат да плаќаат за хонорари на експерти или за нивни услуги, па круцијалните докази, како што се тестови за татковство, може да недостасуваат. Се повеќе луѓе се потпираат на ограничени бесплатни услуги. Кај Единицата за доброволна правна помош до март годинава има пораст на апликациите за скоро 50 проценти. На 23 октомври, владата најави безначајни два милиони фунти за финансирање на прави совети, за телефонска и онлајн линија за информации за помош за оние кои самите се застапуваат.
Во меѓувреме, хонорарите кои сега секаде се воведени, го ограничуваат пристапот за друг вид на правда. Една жалба заради дискриминација или нефер отпуштање од работа против вработувачите сега чини 1,200 фунти. Од минатата година досега, бројот на случаи кои нив ги поднесува опадна за 50 проценти. Но стапката на успех не се смени, што наведува дека падот не е само заради се помалиот број на неиздржани случаи. Дури и Конфедерацијата на британската индустрија, гласот на големите бизниси, се пожали заради овие суми.
Влијанието од кратењата за криминални случаи потешко може да се процени. Оние кои се обвинети заради криминал се уште се застапувани. Но на долг рок, некои адвокати предупредуваат дека таквите кратења ќе ги направат крииналните случаи во својата сегашна форма неодржливи.
Кратењата за правната помош и за Кралската служба за прогон (ЦПС) значи дека системот станува порозен. Една четвртина од адвокатите во ЦПС ја загубиле работата помеѓу 2010 и 2013 година. Во меѓувреме, нивните трошоци заради прекувремена работа пораснале за повеќе од четири пати во споредба со 4,6 милиони фунти во 2009 година. Адвокатите бранители велат дека речиси редовно не успеваат да обезбедат докази, што доведува до скапи одложувања. Еден правобранител кој е обвинител и бранител во криминални случаи во Лондон, ја опиша ситуацијата во ЦПС како „целосен распад“.
Во меѓувреме, во првата четвртина од 2013 година, стапката на одложувања на судски процеси во кралските судови предизвикани од службите кои придружувањаат затвореници и кои не успела на време да ги довевдат затворениците, пораснала за 75 проценти во споредба со 2012 година. Проблемот со технологиите и судниците предизвикаа бројот на судења кои се одложени во првата четвртина од 2013 да достигнат по колку и сите вкупно во 2012 година.
Мерките за штедење поттикнаа и некои иновации. Според својата поставеност, системот премногу се потпира на правдата која ја обезбедуваат адвокатите во суднциите. Поголемиот дел од правната работа може да се изведе онлајн, признава Роџер Смит, експерт за правна помош кој ги проучувал правните системи во другите држави, со што ќе се олесни притисокот врз судовите. Холандскиот одбор за правна помош развил интерактивна веб страна која нуди информации и совети со кои треба да се одвратат луѓето да излегуваат пред суд. Во Нов Јужен Велс во Австралија, покрај веб страна како поткрепа е воведена и телефонска линија и совети лице в лице.
Исто така повеќе случаи треба да бидат отстранети од судовите. Владата вели дека оние случаи предизвикани во сообраќајот треба да се префрлат во градските судови пред магистратите. Сер Џејмс Манби, претседател на одделот за семејства во Врховниот суд, запраша дали регистраторите можат да се справуваат со „лесните“ разводи наместо судиите. Ако кратењата продолжат – а изгледа ќе продолжат – неопходни се реформи. Тоа ќе значи помалку работа за адвокатите. Но не мора да значи и помалку правда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение


